Ви го претставуваме нашиот прв целосно електричен урбан автомобил. Honda e
е остварен сон со својата единствена комбинација на динамични перформанси,
рафинирана удобност и футуристички технологии, направен да овозможи
исклучително искуство во возењето.
Најсовремените технолошки иновации спакувани во прекрасен, едноставен дизајн.
Скриените рачки на вратите ги надополнуваат чистите линии на Honda e. Многуте нејзини иновативни
решенија,
како што се Honda Parking Pilot* системот и страничните камера-ретровизори
ви помагаат во возењето низ град.
Honda e има динамика на спортски автомобил. Електричниот мотор
од 154 KS и вртежен момент од 315 Nm овозможува забрзување
од 0 до 100 km/h за 8,3 секунди. Новата Honda e е направена
да ви овозможи исклучително возачко искуство.
Инженерите на Honda посветија посебно внимание на подобрувањето на динамиката
на возење за да овозможат забавно и привлечно возачко искуство.
Водено ладените батерии се поставени под подот и централно меѓу оските,
обезбедувајќи распределба на тежина во сооднос 50:50 и ниско тежиште
за оптимални возни својства и стабилност на возилото.
Honda SENSING системот ви става на располагање сеопфатен пакет технологии
за безбедност и помош на возачот.
Полнењето на батериите на Honda e е без напор благодарение на тоа што приклучокот на полначот
е поставен централно на хаубата и е лесно пристапен од двете страни на автомобилот.