Новиот Jazz е дизајниран со чист профил кој е аеродинамички ефикасен и стилски елегантен. Секој детал му дава на Jazz модерен изглед и уникатен персоналитет.
Ентериерот на новиот Jazz е практичен и удобен, со чисти линии и материјали меки на допир.
Впечатливото чувство на простор е потенцирано со елегантниот кокпит
со ергономски дизајнирани контроли и непречен поглед на патот.
Новиот Jazz се грижи за вашата и безбедноста на вашите сопатници
со најновиот пакет напредни технологии и бројните системи за асистенција на возачот.
Безбедноста дополнително е подобрена со централното и воздушното перниче за колената на возачот
и интелигентните странични воздушни перничиња.
Нашата напредна е:HEV хибридна технологија обезбедува динамично,
електрифицирано искуство во возењето, овозможувајќи му на новиот Jazz значајни перформанси,
висока економичност и ниски емисии на штетни материи во издувните гасови.