HR-V Hybrid се полни сам генерирајќи ја енергијата додека возите, поштедувајќи ве од потрагата по станици за полнење.
Со e:HEV погонскиот склоп на HR-V Hybrid ќе поминете многу повеќе со многу помалку – можете да очекувате до 740 km со еден резервоар.
Хибридниот систем кој ги намалува трошоците за гориво има гаранција од 5 години или
100.000 километри
(што попрво ќе дојде).
Хибридните возила испуштаат помалку штетни гасови и со само 122 g/km емисии HR-V Hybrid презема нов чекор кон поздравата околина.
e:HEV технологија на Honda вклучува интелигентен погонски систем со повеќе режими на работа кој обезбедува беспрекорно и електрифицирано искуство во возење.
Хибридните перформанси го прават возењето со HR-V Hybrid вистинско задоволство каде и да тргнете – во комбинација со Honda SENSING системот на секое патување ќе се чувствувате безбедно.
Беспрекорно дизајниран и обработен, HR-V Hybrid не нуди само уживање во возењето туку во многу што ќе се прилагоди на вашиот животен стил.
Со HR-V Hybrid секогаш ќе останете поврзани – сé ви е на дофат на раката, а додека не сте во вашиот автомобил My Honda+ апликацијата ви обезбедува повеќе услуги за поддршка.