Дваесетгодишното искуство во развој на хибридите придонесе за создавање на потполно нови
и напредните технолошки решенија со кои најпопуларниот SUV во светот нуди спортски
перформанси и ниски емисии.
Honda CR-V е хибриден автомобил кој нема потреба од полнење, така што нема потреба да го планирате вашето патување према станиците за полнење – тој ја генерира енергија додека возите.
Напредната хибридна технологија ги намалува емисиите и ја штити човековата околина.
R-V Hybrid е доста економично возило – просечната потрошувачка на гориво изнесува 5,3*
l/100 km.
*кај 2WD верзијата
Интелигентниот i-MMD систем автоматски ги избира и менува режимите на возење меѓу електричен, хибриден и бензински погон, максимизирајќи ги перформансите во различни услови на возење.
Останувањето во контакт со светот никогаш не било поедноставно – на 7-инчниот екран чувствителен на допир ќе најдете сé што ви е потребно.
CR-V е толку простран, што нема да ви се верува. Чувството што го создава амбиентот делува релаксирачки и удобно.
Просторноста на CR-V во комбинација со неговиот специфичен спортски дизајн овозможува вистинско уживање во возењето за вас и за вашите патници.
Со помош на напредната технологија, најпопуларниот светски СУВ нуди спортски перформанси и ниски емисии.